Мадона објави порнографски фотографии на Инстаграм, па ги избриша: И никој не ѝ кажа „Браво, кралице“!

Што прави оваа жена?

Мадона повторно шокира и тоа на многу невкусен начин

Мадона (63) дефинитивно би требало да ја понесе титулата за кралица на скандалите, бидејќи повеќе се занимава со тоа отколку со музика. Како да добила некоја листа на најшокантни работи што може да ги направи една јавна личност, па сега слепо ја следи.

Покрај 30 години помладиот дечко, голотијата и операциите, сега на Инстаграм објавила низа фотографии што потсетуваат на порнографска содржина. Освен што на нив се гледаат голите гради, пејачката позирала во многу компромитирачки пози.

Не поминало многу време пред нејзините следбеници да остават коментари на кои јасно се гледа дека се згрозени од однесувањето на поп-дивата.

„Ова сега станува малку срамно. Вашите деца мора да се многу горди на вас. Престанете да ги покажувате градите, имаме видено многу…“

„Зошто, Мадона? Зошто, душо? Мислев дека си подобра од ова!“

Сепак, по некое време Мадона ги избришала фотографиите од Инстаграм, а можеби и самата платформа ги отстранила поради експлицитната содржина.

Во секој случај, не поминува ни една недела без Мадона да направи некој скандал за кој со денови се пишува во весниците. Така, минатата недела излезе серија фотографија за магазинот V на кои Мадона позира како Мерилин Монро, алудирајќи на нејзината смрт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

БОГАТО ЃУБРЕ: Мадона има 850 милиони долари на сметката, а работниците ги тера да работат БЕСПЛАТНО!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.