„Луѓето не сакаат да ме допрат“: Контроверзната манекенка боледува од тешко заболување на кожата – има рани по целото тело!

Кара Делевињ

Манекенката и актерка Кара Делевињ страда од болест што може да предизвика сериозни компликации, како инфаркт и разни деформитети

Како и секогаш, Кара Делевињ и овој пат ги приковала погледите за себе кога се појавила на годинешната Мет-гала. Токму кога сите помислија дека контроверзната манекенка е решена да му остане верна на елегантното издание – на црвениот костум, Кара го соблече сакото.

Потоа следуваше шок! Манекенката го бојосала телото во златна боја, додека градите ги покрила со минимално парче ткаенина. Шминкерот Рома Сулејмани, кој е заслужен за изгледот на манекенката, објаснил дека златната боја се однесувала на машките и женските елементи на Делевињ и стилот на Дејвид Боуви.

Сепак, печатите на кожата останале видливи, поради што сите се прашувале за што станува збор.

Кара во едно интервју од 2015 година открила дека кожата ѝ се лупи по ревиите за време на модната недела.

Ова очигледно е најлошиот период од годината за мојата кожа. Кејт Мос ме виде пред изложбата на Луј Витон во 3 часот наутро кога моето тело беше бојосано за да се покријат крастите. Ми кажа: ‘Ова е страшно! Зошто се случува ова? Морам да ти помогнам’“, открила манекенката.

Станува збор за псоријаза, хронична автоимуна болест што ја погодува кожата. Таа предизвикува појава на розови, суви дамки, кои најмногу излегуваат на рацете, лактите и долниот дел на грбот. Кара е една од ретките луѓе кои отворено зборувале за својата борба со оваа болест.

Луѓето ставаа ракавици и не сакаа да ме допрат, бидејќи мислеа дека имам лепра или нешто слично. Тоа не беше добар период, се борев со месеци. Постојано бев на работа. Тоа зависи и од психата, бидејќи ако се мразиш себеси, своето тело и начинот на кој изгледаш, станува сé полошо и полошо“, рекла таа во една пригода.

Тешките компликации од ова заболување можат да го зголемат ризикот од инфаркт и деформитети ако ги зафати зглобовите и ‘рбетот.

Ѕирнете во домот на Кара Делевињ: Уреден во стилот на „Алиса во земјата на чудата“ и силата на… женскиот полов орган! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.