Ликот на Георгина сјаеше на зградата на Бурџ Калифа: Роналдо од неа за роденден доби пандишпан колач!

Фудбалерот исмеан поради обичната торта

Откако јавноста дозна што си подарија за роденден Роналдо и неговата сопруга Георгина, социјалните мрежи не престанаа да озборуваат за „реципроцитетот“ на подароците.

 Роналдо ја изненади на ниво својата поубава поливина, со брилијантен подарок – нејзиното лице на зградата во Бурџ Калифа, Дубаи, а таа нему му купи „скромен“ автомобил од 177 илјади евра.

Но, нешто друго им запна за око на корисниците на социјалните мрежи.

„Ќе се удавам од оваа торта. Таа сјаеше во Дубаи, а тој доби пандишпан со јагоди“ – гласи еден од низата твитови објавени по роденденот на легендарниот фудбалер.

Откако тој се појави со објава на која со Ѓорѓина се фотографирани пред огромна торта со неговите иницијали и бројот седум, филот и декорацијата доживеаја фијаско низ коментарите.

Корисниците сметаат дека Ѓорѓина со тој буџет и можности, можела да си дозволи многу подобар избор на торта, од обичен пандишпан со шлаг и јагоди, несмасно наредени во облик на букви и бројка. Дури се појави и шега во која Илон Маск ја бара тортата, а за возврат нуди 3000 биткоини!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.