Каде исчезна трудничкиот стомак на Меган Маркл: На најновото видео, Меган не е бремена?! (ВИДЕО)

Се шушка

Хари го најавува својот нов проект, а Меган го следи – но тука има нешто чудно. Овој пат Меган нема труднички стомак, иако би требало да се породи налето

Војвотката од Сасекс, 39-годишната Меган Маркл, ова лето би требало да го роди своето второ дете, ќерка, чие доаѓање го најавила во интервјуто со Опра Винфри. Токму со 67-годишната медиумска ѕвезда и една од највлијателните жени на светот, принцот Хари снима емисија за ментално здравје The Me You Can’t See, чие премиерно прикажување ќе биде на телевизиската мрежа Apple TV +.

Во создавањето на емисијата принцот учествува како еден од креаторите и извршен продуцент, а емитувањето нема да биде бесплатно. По тој повод, на инстаграм-профилот Archewell_hm било објавено видео од насмеаните Меган и Хари кои го најавиле серијалот емисии за ментално здравје, но она што многумина ги заинтригирало е недостигот од труднички стомак кај Меган Маркл.

„Не е повеќе бремена?“, „Каде ѝ е стомакот?“, се само дел од коментарите на нивните следбеници.

„Што се случило со стомакот на Меган Маркл? Минатиот пат кога се појави на малите екрани во црвен фустан, трудничкиот стомак беше многу поголем“, прашала една обожавателка.

Набрзо, на нејзиниот коментар се надоврзала друга, претпоставувајќи дека станува збор за постаро видео од 2020 година, а трета ја потврдила нејзината претпоставка.

Принцот Хари и Меган Маркл слават годишнина од бракот: И покрај сите скандали тие уживаат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.