Јелена Карлеуша „откачи“ на својата роденденска забава: Пејачката заврши во базен сосе фустанот (ВИДЕО)
Не, не пие таа никогаш
На роденденската забава што ја организира во дворот на својата нова вила на Дедиње, по повод 42-от роденден, Јелена Калеуша дефинитивно си помина лудо и незаборавно. За тоа сведочат многубројните фотографии и видеоснимки што осамнаа на социјалните мрежи. Но да тргнеме по ред…
За овој свечен повод, Јелена се замисли во стајлинг на горска самовила… затоа избра бел летен фустан со висок шлиц и изрез на стомакот, кој повеќе откриваше одошто покриваше, и необичен моден додаток на главата, кој наликуваше на уши на самовила.
Роденденската торта исто така беше специфична, на неа имаше многу шишенца алкохол и барби-кукли во секс-пози, а богами се точеше и доста алкохол… шампањско, бело вино, коктели… А славеничката дуваше 42… пардон, 24 свеќички на тортата.
View this post on Instagram
Happy 24th birthday ❤😂❤😂 !! #birthdayparty #jelenakarleusa Video by: @dragankecman
Сите беа расположени и се забавуваа, присуствуваа колегите од естрадата: Наташа Беквалац, Дара Бубамара, Ана Бекута, уредникот на „Стори“ Драган Кецман и други познати личности, кои ѝ донесоа скапи подароци и луксузни букети цвеќе…
View this post on Instagram
Birthday party with family and friends 🎉❤✨ #24thbirthday #lastnight #jelenakarleusa
Значи, се пиеше, играше и пееше до доцна во ноќта, а во еден миг славеничката се разлади во базенот… сосе тоалетата… и без ушите!
Фото: ATA Iмages, Instagram