Ја изневери сопругата и ја засрами пред целиот свет, па пропадна во земја – БУКВАЛНО!

Жерар Пике пропаднал во дупка

Ретко кој успева да се избламира така како Жерар Пике

Поранешната ѕвезда на „Барселона“, Жерар Пике, паднал во дупка покрај бината на отворањето на неговиот натпревар во Кралската лига во Америка, во вторникот вечерта. Кралската лига е турнир од седум играчи што го основал Пике во Барселона минатата година, а сега сакал тој настан да го донесе и во Северна Америка.

Пике присуствувал на претставувањето, а по презентацијата, отишол на работ од бината за да ги поздрави фановите. Изгледа дека 36-годишниот фудбалер слушал гласовна порака на својот телефон кога тргнал да земе маица од „Барселона“ од навивач за да ја потпише, но не успеал да ја забележи празнината помеѓу бината и граничникот кај навивачите.

Како резултат на тоа, Пике пропаднал низ празнината и комплетно исчезнал од видикот, оставајќи ги обожавателите загрижени да гледаат преку бариерата за да проверат дали е повреден.

Во последните 18 месеци, победникот на Светското првенство редовно беше присутен во вестите откако минатата година се раздели од поп-ѕвездата Шакира. Двојката, која има две деца, го објави крајот на својата 11-годишна врска во јуни 2022 година, а Шакира тврдеше дека Пике бил неверен.

Имено, Шакира дознала дека сопругот ѝ е неверен со помош на тегла џем, а по големиот скандал, Жерар Пике се појави во јавност со љубовницата Клара Чија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.