„Имам спиено со 200 мажи поради таа улога“: Му беше сон на секој тинејџер, денес има 60 години, а нема остарено ни ден!

Погледнете

Актерката признала дека ја прославила улогата во филмот „Американска пита“

Џенифер Кулиџ, актерската ѕвезда од филмовите „Американска пита“, „Русокосата адвокатка“ и најновата хит-серија на ХБО „Белиот лотос“, сè уште е во центарот на вниманието.

Благодарение на „Американска пита“, Џенифер Кулиџ на почетокот на 2000-тите му беше сон на секој американски тинејџер, но и пошироко. Сепак, признала дека култната улога на мајка му на Стифлер, влијаела врз нејзиниот сексуален живот.

Миленичката на публиката и на ЛГБТ-заедницата рекла дека благодарение на филмскиот хит, спиела со 200 мажи, како и дека од 1999 година најмногу ѝ биле нудени улоги на секси мајка.

„Имав многу придобивки од тој филм. Како да кажам, да не беше филмот, не би имала спиено со 200 луѓе. Можеби го добив сето тоа внимание, затоа што луѓето и понатаму ме гледаа како мајка му на Стифлер или поради улогата во ‘Русокосата адвокатка’. Пред тоа постоеја луѓе до кои не можев да стигнам, потоа, тие мене ми се јавуваа за да бидам дел од нивните проекти“, изјавила Кулиџ.

Имено, делот од приказната во филмот „Американска пита“ во кој Џенифер Кулиџ го заведува другарот на нејзиниот син, а потоа и има интимни односи со него, е заслужен за етикетата „МИЛФ“.

Џенифер Кулиџ рекла дека пред снимањето на серијата „Белиот лотос“ била многу незадоволна од својот изглед, бидејќи качила килограми за време на карантините.

„Не ми се допаѓаше како изгледам, иако Мајк Вајт (режисерот на серијата) ја напиша улогата специјално за мене. Не знаевме дека ќе биде хит. За малку ќе ја пропуштев шансата само затоа што бев убедена дека не изгледам како што треба“, рекла Кулиџ.

Актерката поради големиот успех ќе се појави и во втората сезона.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.