Ви опаѓа косата? Еве кој е главниот причинител

Здравје

Ако имате долга коса, сигурно сте забележале колку прамени дневно се губат со миење или четкање на косата.

Губењето помеѓу 50-100 прамени коса дневно се смета за нормално, иако изгледа како многу, но имаме околу 100.000 прамени коса. Има чести контроверзии во врска со тоа што најмногу предизвикува опаѓање на косата.

Се смета дека една од најголемите причини за големо опаѓање на косата е стресот, пишува “The List”. Секаков вид на емоционален или физички притисок или траума може да предизвика стрес на телото.

Постојат два типа на опаѓање на косата предизвикано од стрес. Едниот е познат како „телоген ефлувиум“. Ова се случува кога вашето тело минува низ период на интензивен стрес и фоликулите на косата всушност престануваат да се репродуцираат и влегуваат во „фаза на одмор“. Како резултат на тоа, влакната од косата кои биле заглавени за време на долг период на мирување кога сте биле под стрес можат да почнат да опаѓаат неколку месеци подоцна.

Друг тип на губење на косата предизвикан од стрес е познат како алопеција ареата. Ова е автоимуно нарушување каде што вашиот имунолошки систем всушност ги напаѓа фоликулите на косата што доведува до губење на косата.

Кога вашето тело е под стрес, првото нешто што треба да направите за да го ресетирате е да го вратите во хомеостаза. Ова вклучува уредување на вашето физичко, емоционално и ментално здравје.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.