„Момците не сакаат да ја видат“: Се јави поранешниот сопруг на Бритни, синовите разочарани од мајка им

Шоубизнис

Бритни Спирс и Кевин Федерлај беа во брак три години и имаат свои синови, Престон и Џејден.

Бритни Спирс зачекори во јавниот свет уште како тинејџерка. Оттогаш до сега и се случија многу работи во животот, па талентот кој е неспорен кај пејачката е ставен на страна, а притисоците беа се потешки како и проблемите со менталното здравје кои се појавија. Ова резултираше со тоа што нејзиниот татко беше нејзин старател во последните 13 години, па така конечно е ослободена од минатата година.

Токму кога се чинеше дека „поп принцезата“, како што многумина ја нарекуваа, застана на нозе и ја најде среќата со нов партнер, таа почна да објавува серија експлицитни фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а сега се појави јавно обраќање од нејзиниот поранешен сопруг и татко на нејзините деца.

Кевин Федерлајн, раперот и поранешен сопруг на пејачката, го прекина речиси еднодеценискиот молк во врска со Бритни и во интервју за прв пат проговори за својата поранешна сопруга и, како што вели, „се бори да го задржи хаосот околу неговата поранешна сопруга што подалеку од неговите синови“, пишува „Дејли мејл“.

Кевин откри дека Престон и Џејден не ја виделе мајка си со месеци, по нивна волја.

„Момците решија да не ја гледаат во моментов. Поминаа неколку месеци откако не ја виделе. Решија да не одат на нејзината свадба“, открил Кевин за „Дејли Мејл“.

„Целата оваа работа беше тешка за гледање. Потешко е да гледам низ што минуваат моите момчиња отколку што било друго. Беше тешко. Тоа е најпредизвикувачката работа што сум морал да ја направам во мојот живот“, искрен е Кевин.

Кевин вели дека се чувствувал принуден да им се извини на момчињата за тоа низ што минуваат, не излегувајќи во јавноста за да ја повреди Бритни, туку да ја покаже досега нераскажаната страна на оваа шоу бизнис приказна.

Близнаците на Кевин и Бритни, од своите родители го наследија талентот за уметност. Така, Престон веќе компонира музика, додека Џејден го сака пијаното. Тие живеат со нивниот татко и неговата сопруга Викторија, која е поранешна одбојкарка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.