Најдобрата сладолед-торта на сите времиња: Ова е сè што ви треба во текот на долгите летни денови!

Рецепт

Идеален спој на чоколадо, крем и бисквити – совршен десерт за жешките денови

Состојки:
  • 170 г чоколадни бисквити
  • 50 г путер/маргарин
  • 100 г темно чоколадо
  • 500 г растителна павлака
  • 200 г кондензирано млеко
  • 2 лажици какао
Приготвување:

Сомелете ги бисквитите во блендер и префрлете ги во подлабок сад. Додајте 50 г растопен путер и 1 лажица павлака. Добро промешајте. Префрлете ја смесата во калап со пречник од 18 см, добро втиснете ја и израмнете ја.

Во сад ставете 100 г чоколадо и 100 г павлака, па растопете ги во микробранова печка. Изматете 400 г павлака, па додајте 200 г кондензирано млеко. Одвојте половина од кремот и додајте ѝ 2 лажици какао.

На подлогата во калапот формирајте тркалезни облици од темниот крем, па обложете ги со растопеното чоколадо. Дупките пополнете ги со бел крем и исцртајте ги со растопено чоколадо. Израмнете и премачкајте со чоколадо.

Ставете ја во замрзнувач неколку часа. Извадете ја тортата 20 минути пред послужување.

Правиме домашен сладолед од јагоди: Уживајте во вкусот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.