(ФОТО) ТОЈ е избран за МАЖ СО НАЈУБАВО ЛИЦЕ на планетата во 2022 година

Се согласувате?

Титулата му припадна на славниот актер и сè што можеме да кажеме е – ЗАСЛУЖЕНО!

Култната заедница на критичари ТЦ Кендлер на крајот на декември ја објави листата на 100 најубави лица во забавната индустрија, а кога е во прашање листата за мажи, на прво место се најде познатиот британски актер, кој конечно и заслужено ја доби оваа ласкава титула.

Имено, Хенри Кавил е прогласен за маж со најубаво лице на светот, а судејќи по реакциите на социјалните мрежи, огромен број жени се согласуваат со ова признание.

„Најдобар избор досега“, „Дали некој се сомнева во овој избор? Секако дека не!“, „Најубавото лице и сè останато на него“, „Животот не е совршен, но Хенри Кавил е“, се само некои од коментарите.

На второ место се најде популарниот јужнокорејски музичар Хјанџин, на трето место актерот Тимоти Шаламет, а на четврто Крис Хемсворт, кој десетта година по ред е член на оваа ексклузивна листа.

Водечката петорка ја заокружи пејачот од Хонг Конг и член на групата Мирор, Кјанг Ту.

На листата се и актерот Идрис Елба, потоа Џејсон Момоа, бурманскиот модел и актер Пајн Такон и членовите на јужнокорејскиот бенд БТС – Џунгкук и В.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.