Кога излегла на улица, сите мислеле дека е гола: Оддалеку изгледа како да се појавила во град само по долна облека!

Провокативно издание на актерката

Каручи Тран (34) не ѝ препуштила многу на имагинацијата кога се појавила во „гол фустан“, кој не покривал ниту еден дел од нејзиното тело

Каручи Тран несомнено има згодно тело и вита линија, но дали претерала малку со овој избор на облека?

Моделката и актерка била видена во Мајами пред еден ресторан, а фотографите не можеле да престанат да чкрапаат со фотоапаратите кога ја виделе.

Облечена во „гол фустан“, Каручи не ѝ оставила ништо на фантазијата. Од фустанот се гледаат само конци, а оддалеку Каручи изгледа како да излегла облечена во танга и градник.

Видно горда на својот избор на облека, Каручи задоволно позирала, покажувајќи го своето затегнато тело.

Инаку, оваа ТВ-ѕвезда е нова во емисијата што промовира правење облека од стари материјали, а дали ова е дел од тој проект, останува да видиме.

Каручи го привлече вниманието на јавноста во 2011 година кога започна врска со Крис Браун.

Најбогатите сестри отишле на планина за да прослават Нова година: На снег излегле практично голи, па кренале прашина!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.