„Премногу сум конфузен“: Актерот Џереми Ренер се огласи од болницата (ФОТО)

Го прегазила машината?

Добил тешки повреди додека го чистел снегот, имал две операции и еве каква му е моменталната состојба.

Актерот Џереми Ренер, кој пред неколку дена заработи сериозни повреди додека го чистеше снегот, се огласи од болницата во Рено, Невада.

Ви благодарам на сите за убавите зборови. Сега сум премногу збунет да пишувам, но на сите ви испраќам љубов, напиша актерот покрај фотографијата од болничкиот кревет, која беше објавена на неговиот инстаграм-профил, каде што многу негови колеги, како што се Крис Хемсворт, Кејт Бекинсејл, Кејт Хадсон и Крис Еванс, му посакаа брзо закрепнување.

Во неделата, актерот му помогнал на мотоциклист кој се заглавил во снегот кога го прегазила машината за чистење снег, изјави градоначалничката на Рина Хилари Шив, пишува „Дејли мејл“.

Ренер во таа несреќа добил тешки телесни повреди, му биле извршени две операции и неговата состојба е стабилна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.