(ФОТО) Анџелина Џоли има ново момче?! Уловена со пресладок колега, помлад од неа 21 година

Тој е сосема нормален и таа е воодушевена од него!

По разводот со Бред Пит во 2019 година, Анџелина Џоли е исклучително внимателна со кого ќе се гледа во јавноста, особено кога е во прашање машкото друштво. Затоа, не е чудно што фотографијата од неа и 21 година помладиот актер крена толкава прашина. Кој е дечкото што ја има „привилегијата“ да биде покрај познатата актерка?

Анџелина Џоли неодамна беше забележана во познато лондонско кафуле со нејзиниот колега, ирскиот актер Пол МекСал (26), најпознат по улогата на Конел во „Нормални луѓе“, пишува „Пејџ сикс“.

Парот уживал во омиленото кафе, а со нив била и ќерката на актерката Шајло (16), која заедно со нејзината мајка пред неколку дена во театарот „Алмеида“ го гледаше Мексал во претставата „Трамвај по име желба“.

Анџелина и Пол ги фотографирал обожавател, кој ја објави хит-сликата на социјалните мрежи. Многумина навиваат токму Пол да биде тој поради кој актерката ќе му стави крај на статусот сингл.

Фото: Twitter

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе