Од горе изгледа како бројот 10, а всушност е топка: Домот на Меси е најоригиналниот на светот – уверете се самите зошто е така!

Максимално оригинално!

Меси го има најоригиналниот дом на светот, според мислењето на бројни корисници на социјалните мрежи, но и според експертите, бидејќи на архитектите воопшто не им било лесно да спроведат ваква идеја во дело

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси, кој ги помести границите во овој спорт и испиша неверојатна историја, на своите полици со награди ја додаде и единствената што му недостигаше – злато од Светското првенство. Оттогаш медиумите не престануваат да пишуваат за него.

А сите ги заинтересира и воодушеви неговата куќа во Шпанија, која има многу необичен дизајн. Имено, Меси одлучил да изгради дом во форма на фудбалска топка и на тој начин решил на сите да им ја покаже љубовта кон спортот што му го променила животот од корен и го направила легендарен.

Инспириран од дизајнот на фудбалска топка, архитектот Луис де Гаридо дизајнирал фантастична еко-вила за аргентинската фудбалска ѕвезда и ја нарекол One-Zero Eco-House.

Архитектите завршиле маестрална работа, па реализирале уште една оригинална идеја на Лионел. Додека самата структура на куќата е кружна, остатокот од парцелите изгледа како фудбалски терен поделен на два дела. Со структурата пред главниот објект, од горе оваа куќа изгледа како цифрата 10, што го претставува бројот на дресот на Меси.

Според странските медиумите, ова е една од најуникатните куќи на светот меѓу славните личности. Во себе содржи силна симболика, па фудбалерот најмногу сака тука да поминува време со својата сопруга и децата.

Иако е еден од најплатените фудбалери, никогаш не се расфрлал со богатството. Голем дел од парите ги донира во хуманитарни цели, а најмногу финансии, дефинитивно вложува и во изградба на куќи и станови.

Вака изгледа куќата на човекот кој заработува милиони: Сè блеска од луксуз, а една просторија е уредена на посебен начин
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.