(ФОТО) „Полнев 29 години, јас преживеав, а знам дека многу не успеале“: Шијакоска со емотивна објава една година по дијагнозата на тумор

Македонската инфлуенсерка и модна блогерка Александра Шијакоска која успешно го трасира својот пат, секогаш со позитивна мисла да прави нешто добро за другите и да биде добар пример, пред една година ја растажи македонската јавност откривајќи дека ѝ откриле тумор на главата.

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

Тешката дијагноза, тумор на мозокот кој мора итно да се оперира, а притоа операцијата е ризична беше веста која пред една година Александра со солзи во очите ја сподели јавно со своите следбеници. По добиената дијагноза инфлуенсерката сподели дека извесен период нема да биде присутна на социјалните мрежи како до сега поради нејзината здравствена состојба. Иако сакаше комплетно да се повлече од социјалните мрежи во тој период нејзините следбеници и беа голема поддршка во целиот процес.

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

Видеото предизвика лавина коментари за поддршка и надеж дека операцијата ќе помине во најдобар ред и дека Шијакоска ќе се врати на своето секојдневие. Така и се случи! Денес Шијакоска е посилна од кога било!

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

Благодарение на храброста на Шијаковска и поддршката од семејството, пријателите и големиот број следбеници измина најтешката година во нејзиниот живот. Младата инфлуенсерка ја доби најголемата битка во својот живот, а сега се потсетува на тешкиот ден пред точно една година, кога ја добила дијагнозата.

Пред точно една година ни соопштија дека имам тумор, дека е на многу лошо место, дека мора операција, а последиците од операцијата не се знаат.

Може да се смират, може само оштетување на некои од виталните функции, но операцијата мора да се прави. Мене за две-три недели роденден. Полнев 29 години.

Не сум станала ни сопруга ни мајка. Животот пред мене… Толку многу работи почнати, а незавршени. Мајка, татко, дедо и фамилија за гледање.

Некој до мене што ме сака повеќе од сè на светот и го повредувам најтешко и најболно. Но не јас… животот… Судбината. Така било пишано, што можам јас? Што можеме ние?

Си ја прифатив судбината без да се побунам и лутам на животот. Така требало да биде, Господ има други планови за мене. И навистина имал… Ама не тие што јас очекував.

Никогаш, ама никогаш Господ нема да ви даде нешто што нема да го издржите, секогаш ќе ви прати некој или нешто за што ќе се фатите и ќе ви го олесни товарот. Поминала една година… пеколна година.

Сè поминува. И добро и лошо. Само да има на кој да се потпрете. Јас преживеав, а знам дека многу не успеале. Сигурно има уште нешто што треба да го завршам на овој свет. Тука сум да откријам што е тоа.

Долгогодишниот партнер на Шијакоска, Едмонд сподели фотографија со својата сакана на која напиша „Најхрабрата личност која ја познавам“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.