Фановите разочарани: Северина повторно му правела нешто на лицето?

Шоубизнис

Хрватската поп ѕвезда привлекува големо внимание во јавноста, па не е чудно што новиот изглед на Северина Вучковиќ секогаш е мета на коментари.

На Северина и во петтата деценија од животот може да и позавидат многу помлади колешки за нејзината фантастична линија, а многумина ја сметаат и за една од најубавите и најхаризматичните жени на нашите простори.

По 30 години популарната пејачка одржа спектакуларен концерт во Чазма, а фотографиите кои се појавија на Story на нејзиниот Инстаграм покажуваат одредени промени на лицето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MED U KAVI (@medukavi)

Реакциите на фановите беа поделени и додека повеќето од нив пофално ја коментираа пејачката, имаше и поединци кои веруваат дека таа премногу се препушта во рацете на естетските хирурзи и дека овој пат претерала со ботоксот затоа што изгледа непрепознатливо.

Сепак, Севе еднаш изјави дека го корегирала само носот.

„На 20 години го оперирав носот, ме убеди докторот. Не беше подгрбавен или грд. Доаѓа еден дечко кај тебе и ти вели, би сакал малку да го поправам носот и да му дадам свој нос. Останав на носот, имав проблеми со дишењето после операцијата, не пред тоа. Но, е поубав од мојот роден. Што е, е“, изјави за медиумите хрватската поп ѕвезда.

Зошто се наполнија образите на Северина ќе остане нејзина мала тајна, а судејќи по доброто расположение и насмевката, би се рекло дека е прилично среќна во сопствената кожа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.