Емина Јаховиќ објави семејна фотографија со Мустафа Сандал: Бившите сопружници ѝ дале уште една шанса на љубовта (ФОТО)

Животот пишува романи

Пред неколку дена во медиумите одекна веста дека Емина Јаховиќ и турскиот бизнисмен Садетин Саран ја раскинале љубовната врска, а сега на големо се пишува дека поп-пејачката му се вратила на својот поранешен сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал.

Во прилог на тоа оди и фотографијата што Емина ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, а на која ја гледаме во друштво на бившиот и едниот од двата сина што ги има со него.

Одлучија да ѝ дадат уште една шанса на својата љубов. Неодамна се видоа на вечера, разговараа за се’ и сфатија дека меѓу нив се’ уште постојат емоции“, открил анонимен извор за „Информер“.

Ниту еден од популарните бивши сопружници не се огласи по повод на шпекулациите за смирувањето, но изгледа дека во случајот на убавата пејачка дефинитивно важи изреката: Животот пишува романи… А Мустафа Сандал пишува автобиографија, во која голем дел ќе и’ посвети токму на Емина Јаховиќ!

Повеќе на оваа тема можете да прочитате ТУКА!

Фото: Принтскрин Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.