Мустафа Сандал пишува автобиографија: На Емина Јаховиќ ѝ посветил голем дел од книгата
Еве како ја опишал мајката на своите деца
Мустафа Сандал одлучил својот живот да го стави на лист хартија, а на страниците на неговата автобиографија ќе се најдат редови посветени на неговата поранешна сопруга, Емина Јаховиќ.
Како што пренесува емисијата „Ексклузивно“, бившите сопружници се сретнале и пејачот и’ соопштил на Емина дека добар дел од четивото ќе и’ го посвети токму нејзе.
Имено, Сандал ја нарекол поп-пејачката „најважната жена во својот живот.“
Интересно ми е тоа што Мустафа одлучи да напише книга за својот живот. Тој и го заслужува тоа бидејќи има долгогодишна кариера и мошне интензивен и интересен живот. Мене ми е драго, иако не прочитав за што станува збор, можеби ќе постојат и одредени критики, кој знае? Ќе видиме за што станува збор“, изјави Јаховиќ во споменатата емисија.
Очекувам да има и некој убав збор за мене. Едвај чекам да ја објави. Кажав дека нема да ја прочитам пред да биде издадена“, трпелива е популарната пејачка.
Фото: Инстаграм