Поради Ана Николиќ, Стефан Ѓуриќ Раста остана без 120.000 евра?!

Скапо го чини љубовта со неа

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста изгледа ќе загуби 120.000 евра, кои ги вложил во изградбата на куќата во една белградска населба, сакајќи да и’ ја исполни најголемата желба на тогашната сопруга, поп-пејачката Ана Николиќ и да живеат во голема куќа.

 

View this post on Instagram

 

Kêj†êï þðzÐåv ! 🚨 #kejtei #pozdav

A post shared by 𝐀𝐍𝐀 𝐍𝐈𝐊𝐎𝐋𝐈𝐂 (@ananikolicofficial) on

Плацот го купиле во цутот на својата љубов, а изградбата почнала пред две години. Кога екипата на српски „Курир“ го посетила имотот во март 2018 година, вилата била готова до половина, со поставени прозорци и допола изградена фонтана во дворот, а таква е состојбата и сега, по разводот на популарната двојка, што значи дека Раста не планира да живее сам во неа.

Кога Стефан се ожени со Ана, се договорија да живеат во помирен дел од градот. Брзо го најдоа плацот, го купија и почнаа со издрагба. Планираа куќата да има три ката, да содржи спа-центар и музичко студио. Тој има пари и тие не претставуваа проблем, па веднаш вложи околу 100.000 евра за материјалот и ги исплати сите мајстори. Кога тој и Ана се разделија првпат, изградбата запре, по смирувањето одлучи да продолжи и тогаш ги купи прозорците и вратите и почна со ѕидање на базенот во дворот. Меѓутоа, кога официјално се разведоа, повторно запре изградбата“, раскажува изворот за svet.rs.

Имено, Ѓуриќ не се кае што му пропаднала инвестицијата, тој купи стан во населбата Врачар каде што живее по разводот.

На Раста не му беа битни тие пари, тој сакаше да и’ ја исполни желбата на Ана – да живеат во голема куќа. Можеби ќе ја продаде недовршената куќа. Засега се’ стои онака како што беше и пред година и пол“, заклучува изворот.

 

View this post on Instagram

 

… U GLAVI JE SHEST NULA CIFRA … 🔪🥇💛💰

A post shared by STEFAN (@stefanrasta) on

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.