Владо Георгиев: „Шест месеци се немам напиено алкохол“
Популарниот кантавтор искрено за својот нов животен стил
Популарниот пејач Владо Георгиев откако заплови во семејни води, како да ја спушти топката и полека се збогува со боемскиот живот по кој беше познат со години наназад. Пред две години му се роди втората ќеркичка Елена, постарата Софија наполни три години во септември, а тој одржа голем број настапи и доста вербални војни…
Боемски не значи само времето да го поминуваш во кафеана туку да живееш слободно и без притисоци. Боемски е да издвоиш време за себе, за семејството, пријателите, а не само да трчаш на состаноци и по пари. Тој поим ми е врзан за дружењето, за добрата забава, за прекрасните мигови. Настојувам се’ што е материјално да ми остане во сенкатана миговите исполнети со дружба и љубов“, вели популарниот кантавтор во разговорот за магазинот „Стори“.
Изминатото лето, пејачот изјави дека „40 дена апстинирал од пиење пиво“, а еве во која фаза се наоѓа сега…
Помина половина година да не се напијам алкохол. Сега светот ми изгледа поинаку. Убаво е да пивнеш кога се опушташ или создаваш музика, но кога треба да водиш живот што има смисол – човекот треба да биде трезен. Отсекогаш ја застапував таа теорија. Кога ќе се напиете, некои работи можат да поминат покрај вас а вие да не ги забележите.“
За својата партнерка и мајка на ќерките, Милица, Владо вели дека „кликнал како да се лонче и капаче“….
Главно, во исто време некаде ни се оди или не ни се оди, во исто време сакаме да го продолжиме утринското кафе, во исто време ни се останува во градот или ни се патува некаде… Имаме слични афинитети. И двајцата сме боеми, во смисол дека не сакаме калапи“, раскажува Владо Георгиев за „Стори“.
Текст: Б. Трескавица