Докторите 4 месеца ја лекувале од туберкулоза, а потоа ѝ ги скенирале белите дробови: Не можеле да веруваат што пронашле!

Дали е ова возможно?!

Нејзиниот случај можеби е единствениот таков во медицинската литература

Една жена од Индија (27) завршила во болница поради кашлица, грозница и густа слуз што траеле шест месеца.

Пред хоспитализацијата, докторите 4 месеци ѝ препишувале антибиотици за лекување туберкулоза. Но терапијата, не ги ублажила симптомите, пишувало во извештајот на докторите за случајот објавен во Националната медицинска книжница.

Меѓутоа, кога ѝ ги скенирале белите дробови, нашле лезија во десниот горен дел од белите дробови. По понатамошни анализи, забележале чудна структура слична на кесичка што се наоѓала во бронхиите на пациентката.

Докторите ја отстраниле мистериозната кесичка. Иако поголемиот дел бил уништен, секако можело да се препознае дека станува збор за презерватив.

„И таа и сопругот признаат дека имале орален секс. Се сетиле дека кондомот се олабавил во текот на чинот, а девојката во тој момент доживеала налет на кивање и кашлање“, објасниле докторите кои утврдиле дека самото откривање на проблемот било одложено поради неколку фактори.

Тие веруваат дека самиот кондом веројатно не може да предизвика повреда на белите дробови поради својата мека, еластична и гумена конзистенција, но затнувањето можело да доведе до насобирање секрет, како и до инфекции.

Меѓутоа, начинот на кој се сместил кондомот во белите дробови при дишењето и кашлањето, веројатно прочистил дел од излачените секрети, што довело до одложување на симптомите.

Непријатност и чувство на срам

Докторите тврдат дека парот можеби се двоумел да открие што се случило или навистина не го поврзал вдишувањето на кондомот со понатамошниот развој на кашлицата.

Докторите веруваат дека таа ќе оздрави, иако мали делови од кондомот ѝ останале во белите дробови по пукањето, па постои мала веројатност дека ќе мора да направи понатамошна бронхоскопија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.