Џон Хам го молеа да носи гаќи бидејќи ги деконцентрираше сите на сетот, а сега со него „легна“ и Џенифер Анистон (ФОТО)

Ѕвездата на „Мажите од Медисон“ важи за еден од најнадарените мажи во Холивуд, а неговата „гордост“ беше вирален хит!

Миленичката на Холивуд, Џенифер Анистон (54), одлучи да се разголи целосно за сцената на жежок секс во серијата The Morning Show. Популарната актерка сними жешки кадри со нејзиниот 52-годишен колега Џон Хам во новата драма на Apple TV.

Во сцената, Џенифер Анистон, која ја глуми ТВ-водителата Алекс, го интервјуира милијардерот Пол Маркс во неговата палата во Хемптонс. По интервјуто, двојката завршува во кревет.

На Џон Хам не му беше тешко, со оглед на тоа дека има големо искуство во слични сцени, особено откако го играше женкарот Дон Дрејпер во популарната серија Mad Men.

Инаку, Хем привлече големо внимание во јавноста пред околу 10 години поради својата „гордост“.
Неодамна се појави во шоуто на Хауард Стерн, каде што 68-годишниот водител му прочита напис од New York Daily News од 2013 година, во кој се вели дека Џон Хам „учтиво бил замолен од персоналот на AMC да носи долна облека“ додека ја снимал серијата Mad Men бидејќи неговата „импресивна анатомија била премногу деконцентрирачка додека работеле на серијата.

Актерот јасно изјави дека претпочита да шета низ светот без долна облека.

И на актерката не ѝ е непознато соблекувањето на сетот. Во финалето на втората сезона на серијата, таа сними сцена под туш во која нејзиниот лик се распаѓа поради борбата со коронавирусот и проблемите на работа. Сите овие емоции влијаеле на самата Џенифер.

Оваа улога дојде токму во вистинско време. Тоа е една од најтешките улоги што сум ги имала. Знаев дека сум на висина на задачата, но потоа се манифестираа сите тие емоции за да се создаде свет за оваа жена. Нејзиниот живот се распаѓаше. Ќе снимев некои од тие сцени и ќе се чувствував како некој да ми симнал товар од грбот, рече еднаш актерката.

Но нејзините обожаватели се согласуваат дека телото на Џенифер изгледа исто толку неверојатно како и пред неколку децении. Анистон првпат се соблече во филмот The Break Up во 2006 година, каде што глумеше со Винс Вон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.