Џенифер Лопез првпат ги покажа сестрите и реакциите беа злобни: Сите велат дека нивните фотографии се лажни, а ОВА е причината! (ФОТО)

Шоубизнис

Латино дивата Џенифер Лопез е една од најголемите светски ѕвезди и малку се знае за неа.

Сепак, она што многумина не го знаат е дека пејачката има две сестри Лесли и Линда, кои не се во шоубизнисот и ретко се појавуваат во јавноста.

Сега на Инстаграм се појавија нивни заеднички фотографии од неодамнешната прослава на американскиот Ден на благодарноста.

„Убаво е што ве гледам заедно“, „Убави сестри“, „Сите изгледате фантастично“, се дел од многуте комплименти под фотографиите кои ги објави Линда.

Сепак, многумина забележаа дека првата фотографија е видно обработена и помината низ бројни филтри кои го менуваат обликот на лицето, додека втората е далеку пореална, па сестрите на Џеј Ло, дури ни самата пејачка, не изгледаат препознатливо.

„Две баби до кралицата“, „Можеби е подобро ни да не се сликале“, „Убавица и две погрди сестри“, „Некој да им каже дека можеме да видиме како изгледаат без филтер“, се некои од реакциите на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lynda Lopez (@lyndalopez08)

Линда е помлада од Џенифер и работи како новинарка во Њујорк, а Лесли е најстарата од сестрите и е вработена како професорка по музичко во училиште во Бронкс.

Покрај нејзините сестри, пејачката има и двајца браќа, а сите заедно се појавија во шоуто на Опра Винфри уште во 2002 година, а тогаш признаа дека навистина не сакаат да зборуваат за Џенифер во јавноста.

Џенифер пораснала со своите браќа и сестри во Бронкс, а денес поседува недвижен имот низ САД и моментално живее во Лос Анџелес со својот сопруг Бен Афлек.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.