Канје ја обвини Ким Кардашијан – „Те фатив во кревет со друг маж“: Познатиот рапер изговори море од навреди, а неговиот Твитер веднаш беше исклучен

Шоубизнис

Канје Вест е суспендиран од Твитер и обвинет за „поттикнување насилство“ поради навредливи твитови – само два месеци по неговата последна забрана.

Американскиот рапер, кој сега се вика Џе, објави низа контроверзни твитови, од кои на еден изгледа е комбинација од крст и еврејска ѕвезда.

Исклучување на Твитер профилот на Канје Вест

Еден корисник побара од новиот шеф на Твитер, Илон Маск, да влијае на однесувањето на Канје.

Веста „ја прекрши нашата политика против поттикнување насилство“, напиша Маск на Твитер.

„Профилот ќе биде суспендиран“, додаде новиот сопственик на социјалната мрежа.

Во четвртокот, за време на интервјуто со американскиот теоретичар на заговор Алекс Џонс и со лицето покриено со маска, Вест го пофали нацистичкиот водач Адолф Хитлер и зборуваше за гревот, порнографијата и ѓаволот.

Раперот со години предизвикува контроверзии и на социјалните мрежи и надвор од него со различни коментари кои се толкуваат како антисемитски и расистички.

Во октомври, профилите на Вест на Твитер и Инстаграм беа суспендирани откако тој објави пораки кои беа протолкувани како антисемитски.

Двете платформи ги отстранија објавите на Вест во кои тој тврдеше дека раперот Диди бил контролиран од Евреин.

Твитер и Инстаграм потоа образложија дека Канје Вест ја прекршил забраната за говор на омраза.

Објавите дојдоа како одговор на реакцијата на неговото шоу на модната недела во Париз, кога носеше маица „Белите животи се важни“.

Ја обвини поранешната сопруга за изневерување

Една од последните објави пред да добие забрана беше за неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Тој ја обвини својата поранешна сопруга дека го изневерувала со НБА ѕвездата Крис Пол, ветеран кој моментално игра за Феникс Санс.

„Ајде да го направиме ова пред да заминам повторно одовде. Го фатив овој човек со Ким. Добра ноќ”, напиша Канје Вест, а неколку часа подоцна неговиот Твитер профил беше суспендиран.

Ова крена голема прашина бидејќи Крис Пол е во брак со Џејда Кроули од 2011 година и со неа има две деца: Кристофер Емануел Пол II и Камрин Алексис Пол. Сепак, по ова тој не се огласи, а не се огласи ниту ријалити ѕвездата и поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан.

Крис Пол сезонава игра се помалку и годините го стигнуваат, но сепак има договор за уште три сезони вреден речиси 90.000.000 долари.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.