Аца Лукас за разводот со Соња Вуксановиќ: „Беше како на пазар“
Брутална порака од официјално бившата сопруга
Аца Лукас и Соња Вуксановиќ конечно се договорија во Третиот општински суд во Белград и со тоа му ставија крај на својот брак.
Разведени сме официјално“, смеејќи се изјавил пејачот штом излегол од судот, на што се надоврзал неговиот адвокат: ‘Бракот е разведен, се согласи на сè за да се официјализира разводот. Сè е договорено.“
За да не доаѓам во судот, се согласив на сè. Беше како на пазар, а како би било поинаку… Проблем беа парите. Важно е што се реши сè“, изјави фолк-пејачот, додавајќи дека ќерка си Викторија ќе ја види во понеделник, пренесува „Курир.рс“.
Соња исто така била радосна:
Многу сум среќна, немам што да изјавам“, дофрлила таа.
Сепак, не ја пропушти можноста на својот бивши сопруг јасно и провокативно да му порача што загубил:
Официјално разведена. Би ти посакала сè најдобро, но ти веќе го имаше тоа“, напиша таа на својот инстаграм-профил.
А Јелена Карлеуша веднаш ѝ одговори со срценце…