Ексклузивни фотографии од испраќањето на Далибор Андонов Гру во вечниот дом (ФОТО)

Неутешното семејство и пријателите го погребаа раперот

Раперот Далибор Андонов Гру денес е погребан во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, сопругата Даница и мајката Верица ги држеле да не паднат кога тргнала погребната поворка.

За време на погребот, трубачите ја свиреле песната „Тихо ноќи, моје злато спава“.

Ние не сме способни да зборуваме за смртта, можеме да веруваме дека само раѓањето е важна работа. Молчиме. Нека се слуша само тишината. Да не ја прекинуваме, да оставиме да победи темнината. За жал, Господ го зема најубавото цвеќе. Тоа е тага за нас. Но Бог има свој план… Драг мој Далиборе, што да ти кажам… мој пријателе, патувај, таму те чекаат моите пријатели… Душко и Небојша. Вие ќе бидете хип-хоп трио без конкуренција, а тука сум и јас… Ќе дојде денот кога ќе мора да заминам и јас. А дотогаш ќе го чуваме сеќавањето на тебе, твојата музика. Ќе се видиме кога ќе дојдам горе. Ќе имаме лозинка… Ќе знаете дека сум тоа јас. Почивај во мир“, кажа пријателот на Гру, Нигор, и заплака пред сите.

Пријателите и семејството се собрале пред 14 часот за да му упатат последен поздрав на трагично загинатиот рапер.

Фото: ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.