Антониа Гиговска се скара среде емисија со својот дечко Иван Јованов – Ова е причина за кавгата!

Снимањето мораше да биде прекинато

Четврта полуфиналистка во „Заблескај“ е Марија Цветановска. Ова е одлуката која што ја донесоа Антониа Гиговска и нејзиниот дечко Иван Јованов, фронтмен на составот „Либеро бенд“, двојката која жирираше во четвртата емисија од музичкото талент шоу.

Во текот на коментирањето и оценувањето на кандидатите, Иван и Антониа се скараа, а причина за нивната кавга беше претставувањето на еден од кандидадите.

Кавгата резултираше со мал прекин на снимањето, за на крај да успеат заеднички да донесат одлука за тоа кој влегува во полуфинале.

Марија, инаку, доаѓа од Битола и учи во тамошното средно музичко училиште. Искрено се надева дека со пријавувањето во „Заблескај“ нејзиниот настап ќе биде забележан и дека македонската јавност ќе изрази желба да ја запознае музички. Признава и дека би била пресреќна доколку би добила дует со Елена Ристеска.

Честитки за Марија!

Во продолжение погледнете го видеото од четвртата емисија:

Прочитајте и
1 коментар
  1. Irena вели

    Milica zakon si 💕

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.