Беспрекорен изглед: Шминката како комбинација на уметност и креативност

За се во животот е потребно време, посветена работа, и пред се многу љубов, за да се постигне илузија на совршенство. Но и кога ќе стигнеш до таа цел, секогаш се стремиш кон подобро. Вистинскиот уметник не е голем поради неговата техника туку поради неговата страст и љубов кон тоа што го работи.

Па така и јас љубовта и страста кон уметноста ја искажувам преку шминка цели 8 години од кои активно и професионално 4 години и сум навистина среќна што го работам тоа што го сакам.
Водена од тоа дека шминката е комбинација на уметност и креативност преку која се истакнува убавината на една жена се одлучив професионално да влезам во светот на шминката, и останатите третмани поврзани со убавина.
Тука мислам на свилени трепки кои се доста in во последните 2 години,
Lash – liftingot – за девојки кои сакаат природен изглед, дава ефект на густи и изразени трепки со волумен,
Brow – ламинацијата е нов хит- третман, кој е оваа сезона го практикуваат девојките кои сакаат да постигнат густи и добро уредени веѓи.
Освен веќе споменатите тука се вбројува и јапонската метода која се повеќе е популарна техника на исцртување на влакно по влакно која спаѓа во трајна шминка.
Мојата цел и замисла е постојано надоградување на моето знаење,и усовршување на нови техники,третмани и услуги во мојот салон.
Останува на нас, на нашата креативност, фантазија, и идеја да креираме нови трендови.

 

Make-up Nora
Елеонора Блажеска
Охрид
Адреса Abas emin 321
078447660
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.