Ангелски глас, а некултурна: Темната страна на Кристина Агилера

Шоубизнис

Пејачката Кристина Агилера е омилена на публиката ширум светот. Таа е позната по својот неверојатен талент и ангелски глас. Меѓутоа се чини дека не сме знаеле една работа за неа.

Познатата русокоса дива најдобро ја опишуваат оние кои со неа работат долги години.

Кристина заслужено ја доби титулата пејачка со „ангелски глас“ бидејќи со својот настап ја буди секоја можна емоција. Покрај тоа, таа доби место и во жирито на популарниот натпревар “The Voice“. Кристина сепак беше разочарана во шоуто:

„Стана нешто што не мислев дека ќе биде кога се пријавив да учествувам. Воопшто не се работеше за музиката, се работеше за добра приказна и посебни моменти. Не влегов во овој бизнис за да бидам водител на ТВ шоу и да бидам ограничена со правилата „Не можеш да го носиш ова, не можеш да го кажеш тоа.“ Се обидував очајно да се изразам преку облека, шминка или коса. Тоа беше мојот единствен излез“, рече таа.

Организаторите ѝ замериле поради тоа, па по сезона ѝ плаќаа по 17 милиони долари.

„Кристина е тешка за работа, често доцни и никогаш не жали што сите ја чекаат. Работата да биде уште полоша, таа се тепаше со Адам Левин во текот на целата емисија, тие можат да се поднесат еден со друг“, изјавиле нејзините поранешни колеги.

За време на снимањето на “The Voice“ пејачката знаела да задоцни половина час, а нејзиниот „жежок темперамент“ дојде до израз кога се скара со членовите на екипата, како шминкерите, фризерите или костимографите. Дискусијата прва ја започна пејачката. Поради својот карактер, Кристина го изгуби ангажманот, но ја прекина и соработката со бројни соработници бидејќи бараше тие да бидат тука за нејзе 24 часа секој ден во неделата.

„Никогаш не и било проблем да ја разбуди дадилката или слугинката за најбанална работа. Еднаш ја повикала чистачката да дојде од другиот дел од куќата и да и подаде пешкир што ѝ бил на дофат“, рекол изворот.

Причината за ваквото однесување е веројатно зависноста од алкохол, а некои наоѓаат објаснување во нејзината тешка природа, а да потсетиме дека за малку ќе ја изгубила својата долгогодишна пријателка Шакира.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.