Се е подготвено за свадбата: Еве каде ќе се венчаат Џеј Ло и Бен (ФОТО)

Шоубизнис

Бен Афлек и Џенифер Лопез се подготвуваат за големата венчавка што треба да се одржи денеска.

Двојката по втор пат ќе каже „ДА“ на имотот на Бен крај реката во Џорџија пред голем број познати пријатели и семејството.

Новите фотографии покажуваат дека се е подготвено, изграден е сплав со украсени маси и столови.

Фото: Profimedia
Фото: Profimedia

Сепак, плановите биле малку изменети вчера кога мајката на младоженецот, Кристофер Ен Болд, била итно пренесена во болница откако паднала од пристаништето и си ја пресекла ногата, објави „Дејли Меил“. Сепак, се надеваме дека тоа нема значително да влијае на прославата.

На церемонијата почнаа да пристигнуваат бројни познати личности, а меѓу првите синоќа пристигна долгогодишниот пријател и колега на Бен со кој ја делеше сцената, актерот Мет Дејмон и неговата сопруга.

Она што се чека е невестата и нејзината венчаница која без сомнение ќе привлече големо внимание кај јавноста од целиот свет. Џенифер веќе носеше два фустани на малата церемонија во Лас Вегас минатиот месец, едноставен фустан на Александар Меквин кој го чува неколку години и венчаница од тантела Зухаир Мурад. Сега ќе видиме што подготвила невестата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.