Ана Николиќ ја вовлекла и сопругата на познатиот пејач во својот порок: Соседите ги открија најстрашните детали

Соседите на Ана Николиќ открија страшни детали за неа.

Ана Николиќ се повлече од медиумите по конфликтот со нејзиниот менаџер Саша Мирковиќ, но нејзиниот случај е се’ уште актуелен, како во медиумите, така и во соседството.

Имено, екипата на Курир.рс го посети сосетството во кое живее пејачката со својата ќерка Тара, но тоа што го затекнале и слушнале таму укажува дека пејачката не е во најдобра состојба.

Имено, соседите на Ана Николиќ биле расположени за разговор, но немале многу убави зборови за неа.

Со денови ја немам видено, ако ѝ го нема автомобилот значи не е дома, бидејќи секогаш ѝ е паркиран надвор. Му го продаде гаражниот простор на маж од соседната зграда. Од станот се случува да се слушнат страшни крици и гужва, дадилката ја нема, ја нема и куќната помошничка. Сите беа прекрасни жени кои не можеа да ги издржат нејзиниот темперамент и начин на живот – изјавил млад човек кој живее во зградата до пејачката.

Терасата, како што гледате, ѝ е како да е фрлена бомба. Теписи, лента за трчање, детски велосипед, кутии и торби со ѓубре… Што да ви кажам, се случува да стигне до станот и да не може да го стави клучот во бравата, а потоа да вика и да вреска. Вратата ѝ е изгребана околу бравата. Нејзините ролетни се скоро секогаш спуштени. Мајка ѝ беше неодамна, ја видов, а оттогаш не сум ја видел ниту неа, ниту Ана – изјавила средовечна жена која живее во зградата на Ана.

Чуварот на зградата рекол дека пејачката во последно време изгледа многу чудно.

Леле, во последно време кога ја гледам не е каква што беше. Изгледа чудно, носи капи, очила задолжително. И порано не беше нешто подобра, некогаш ваква, некогаш онаква. Ова во последните неколку години е страшно. Се сеќавам порано, за време на короната, ја видов со поранешната сопруга на Аца Лукас, и двете беа пијани. Потоа Ана го удри автомобилот, па се јавуваше во такси, не можеше да добие, па се влечат на улицата. Кога дојде таксито, Ана правеше хаос и се глупираше со оние нејзини финти. Со години не ѝ е добро, но секако грдо е ова низ кое сега минува, но можеби конечно ќе ја промени, тоа би го сакале сите – заклучил тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.