Аферата околу таењето данок ја уништила: Шакира повеќе воопшто не личи на згодната жена по која сите лудуваа!

Непрепознатлива

Не и’ цутат рози во последно време – од миленичка на публиката стана најомразеното лице

Шакира стекна популарност штом се појави на музичката сцена. Нејзиниот глас, но и стас, ги освоија срцата на публиката и за кратко време стана една од омилените ѕвезди.

Нејзината насмевка, убавото лице и извајаната фигура беа работите поради кои голем број жени и’ завидуваа. Но во последно време, многумина забележале дека нема ни трага од таа убавица.

Откако било откриено дека е вмешана во афера за таење данок, нејзиниот изглед драстично се сменил. Изгледа дека сиот тој притисок од јавноста оставил последици на нејзиниот изглед.

Имено, пејачката била обвинета дека одбегнала плаќање данок во вредност од 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година.

Во поднесената тужба се тврди дека Шакира ги навела Бахамите како свое официјално живеалиште поради данокот, но дека, всушност во тој период живеела во Шпанија со својот партнер.

Тужителите во Барселона наведуваат дека патувала во странство кратко поради професионални обврски, додека поголемиот дел од годината го минувала во Шпанија. Тие бараат да плати порез во Шпанија на приход од целиот свет.

Од тој момент нејзината популарност почнала нагло да опаѓа. Веќе не е една од омилените пејачки, а нејзината кариера исто така почнала да страда.

На неодамнешната конференција се појавила во друштво на Џенифер Лопез, а на сметка на нејзиниот изглед пристигнале само негативни коментари.

https://www.instagram.com/p/B79TikApdc6/?utm_source=ig_embed

На нејзиното лице се гледа умор и воопшто не личи на жената која мамела погледи каде и да се појави.

„Покрај Џенифер изгледа смешно“, гласел еден од коментарите на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B7-HUBIJSw3/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.