ВО ДОБРО И ВО ЗЛО-ШТО ВИЕ БИ МУ ВЕТИЛЕ НА ПАРТНЕРОТ?

Прстените се ставале на четвртиот прст на левата рака кај Католиците, а на десната рака кај Православните, со верување дека на токму кај тој прст минува “вената на љубовта” која оди директно до срцето.

Во нашата традиција постојат црковни завети и текст што го чита матичарот и кога би ги послушале внимателно, веројатно тоа е доволно. Но глобализацијата си го прави своето, трендовите се наметнуваат, па некои обичаи, иако не припаѓаат на нашата култура, се практикуваат на свадбите. Но не и овој, барем членовите на нашата редакција не присуствувале на таква свадба каде што пред полна сала младенците ги изговараат своите завети за љубов и грижа засекогаш! За волја на вистината, многумина сметаат дека таквиот чин е премногу интимен за СИТЕ да бидат дел од такво искажување емоции, но тоа не значи дека не можат да го направат во четири очи. Веројатно овие страници со најголемо внимание ги читаат девојките и жените што се во фаза на планирање на својата венчавка. Вообичаено тие мигови, колку и да се возбудливи, често се проследени со нервоза, неизвесност, планирање, општа загриженост како ќе изгледа сето тоа пред гостите, пред светот. Во целиот тој процес, двојките често забораваат на суштината на оваа церемонија, која би требало да биде – еден од најубавите денови. Затоа што за нас – љубовта е најважна! Би сакале да ве инспирираме да не заборавите на тоа во процесот на подготовките на свадбената церемонија и помалку да се грижите за тоа што ќе каже светот. Забавувајте се и уживајте додека ги избирате венчаницата, костумот, бурмите, локацијата, тортата. Изберете добра музика, поканете ги саканите луѓе и бидете свесни дека вам ви се случува оваа венчавка и заслужувате да уживате! И двајцата! А додека траат подготовките, не заборавајте зошто се сакате. Не заборавајте никогаш!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.