Ким Кардашијан за војната во Израел: Бруталниот тероризам одзеде невини животи, цивилите ја плаќаат најголемата цена! (ФОТО)

Се огласи познатата ѕвезда...

Ким Кардашијан се огласи на Инстаграм во врска со војната помеѓу Израел и Хамас, па наведе дека тероризмот од земјата каде потекнува и го крши срцето и дека во овие најтешки моменти е покрај својот народ.

„Пораката за моите еврејски пријатели и семејство. Ве сакам вас. Ве поддржувам. Слушнав колку сте исплашени и сакам да знаете дека не сте сами. Срцето ми се крши кога гледам снимки од деца и семејства кои терористите ги убиваат пред целиот свет“ – започнала во својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Напишала дека никогаш нема да може да ги исфрли од глава тие ужасни слики и се прашува како може некој да остане рамнодушен на такво нешто.

„Бруталниот тероризам одзеде невини животи и сега и израелските и палестинските цивили патат и ја плаќаат цената. Како Ерменка, особено сум чуствителна на овие прашања, бидејќи со години зборувам за геноцидиот над Ерменците, а сега после неколку месеци опсада со минимална медиумска покриеност и без надворешна поддршка, Ерменците се жртви на етничко чистење во Артакху“ – додала таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.