Ќе ви го распара срцето: Горан од Радишани ги ставил органите под хипотека, неговиот татко го избркал од дома! (ВИДЕО)

Суров живот...

Фото: Инстаграм

Животот сурово си поиграл со судбината на скопјанецот Горан Сурловски од скопско Радишани. Педесетгодишниот Горан за емисијата „Срце на дланка“ ја раскажа неговата животна приказна, која веруваме дека никого не остави  рамнодушен.

Горан боледува од мускулна дистрофија и вели дека инвалидите како него се отфрлени од општеството, па и фамилијата.

Бил роден како здраво машко дете, но по неколку месеци, ќе му се случи една не среќа која ќе му го промени животот засекогаш.

– Бев активно дете, како што ми кажуваа моите сум си играл и да се сокријам од мајка ми, сум паднал во подрумот и од тогаш настанаа сите проблеми.

Фото: Принтскрин

– Завршив средно училиште, дизајни и ентериер.  Си играв со моите врсници, но имав големо разочаување кога ќе се обидев нешто да направам и не успевав, а моите врсници можеа.

– Се чуствував поразлично од другите како да немав енергија и полека се затварав во мене, порано ме сакаа сите, но во последните 10 години да кажам скоро никој. Највеќе од се е тешко кога ќе те офрли родениот татко, имаше моменти кога татко ми толку ме мразеше, што сакаше да ме нема. Татко ми имаше авантури со мојата стрина со која има вонбрачно дете,  јас не му значев ништо а тој го сакаше само него и ме бркаше од дома. Откако се случило тоа со мене на десет месеци, после некој период тој сакал да се ослободи од мене, па за среќа тука биле комшиите кој ми помогнале и ми дале вештачко дишење – вели Горан пред камерата на „Алфа“.

Горан смета дека токму неговото семејство е причина за тоа што тој се уште нема семејство, па така решил својата гаража да ја пренаими во дом за живеење.

Инаку Горан склучил посмртен нотарски договор во кој гласи дека по неговото заминување од овој свет, неговите органи ќе се донираат, а за возврат државата да му овозможи услови за дом и еден ден да има некој во животот кој ќе го наречен ,,тато”

Неговата приказна може да ја погледнете тука:

 

Доколку сакате да му помогнете на Горан на било каков начин тоа може да му се обратите на телефонскиот број: 077818250

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.