Вечера за слабеење по рецепт на доктор: Ги топи маснотиите, го забрзува метаболизмот и ги исфрла насобраните токсини!

Доведете ја линијата до совршенство

Вечерата е најважниот оброк доколку сакате да ослабите

Докторката Сузи Бурели тврди тајната на витата линија лежи во правилно приготвената вечера што никогаш не би требало да ја јадете по 20 часот.

Многу луѓе најмногу храна јадат во текот на вечерта, а тоа всушност е најголемата грешка. На телото му треба одмор во текот на ноќта, па затоа последниот оброк во денот не би требало да има повеќе од 400 калории.

„Се случува во текот на денот да сме зафатени и да не стигнеме да имаме правилни и хранливи оброци, па затоа јадеме нешто од нога. Кога ќе дојдеме дома навечер, чувствуваме голем глад и во тој случај посегнуваме по нездрава храна и јадеме многу повеќе одошто навистина ни треба. Потоа, обично си легнуваме, а тоа е одличен рецепт за качување килограми“, вели таа.

„Не само што лесната вечера ќе ви помогне да се чувствувате подобро и полесно туку ќе имате и помирен сон, а наутро ќе се разбудите погладни, што е одлично. Па така, ќе имате пообилен појадок кој ќе ви го покрене метаболизмот и подолго ќе ве држи сити.“

Целта на исхраната што ги топи килограмите е да ве воведе во рутина каде што појадокот ќе биде најобилен, а вечерата лесна. Таквите оброци се патот до совршената тежина.

За да го испочитувате ова правило и да се задржите во рамката од 400 калории, вечерата нека ви биде богата со зеленчук, а порциите протеин нека бидат минимални.

Тоа може да биде помало парче јунешко или бело пилешко месо и многу зеленчук или парче тост со некоја нискокалорична мачканица и зеленчук. Покрај тоа, испијте и поголема чаша вода или чај без шеќер.

16 часа гладување: Еве како периодичниот пост помага за слабеење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.