16 часа гладување: Еве како периодичниот пост помага за слабеење!

Најголемо внимание обрнете на ова!

Автофагијата или периодичниот пост е една од најпопуларните диети во светот

Суштината на овој пост е одбивањето храна одреден период. Не постојат ограничувања за одредени производи. Тоа значи дека можете да јадете сè, но само во временски период од 10 до 18 часот.

Интервалниот или периодичниот пост ви овозможува да ја јадете секоја храна што ја сакате, а истовремено да губите килограми. Ефикасноста на овој режим на исхрана во однос на слабеењето е потврдена во пракса. Претходно, појадокот, ручекот и вечерата се сметаа за непроменливо правило за исхрана. Докторите препорачуваа 5 оброци дневно (со ужини). Како резултат на тоа, појадувавме иако не чувствувавме глад и грицкавме од навика. Денес знаеме дека гладувањето е лековито и го растоварува организмот.

Еве како гладувањето од 16 часа може да ви помогне за слабеење:

Најчестиот метод денес е шемата 16/8, односно да не јадете ништо 16 часа и 8 часа да бидат резервирани за оброци. Периодичниот пост му овозможува на телото да ги согори резервите на масти. Потребно е само да отфрлите еден од главните три оброци. Психолошки, ова е полесно од кој било друг пост. Меѓутоа, нема потреба да исфрлате одредени производи од исхраната.

Принципот на постот

Исклучувањето оброци во период од 16 часа го нормализира производството на инсулин што го прави телото помалку осетливо на храна (јаглехидрати) со висок гликемиски индекс и го намалува гладот. Телото во тој момент ги согорува масните наслаги. Празниот желудник во овој момент има можност да се одмори, што го зголемува имунолошкиот одговор и ја нормализира рамнотежата на хормоните.

Се верува дека постот ги намалува воспаленијата, го регулира шеќерот во крвта и ги подобрува когнитивните перформанси. Комбинацијата на пост и тренинг овозможува добивање мускулна маса и согорување масти.

Како и што да јадете за време на автофагијата?

Првиот чекор е да сфатите кога ви е полесно да одбегнувате храна: наутро или навечер. Ако го прескокнувате појадокот без никакви проблеми, тогаш ќе ви одговара следнава шема:

Вечера во 20 часот и обилен ручек следниот ден во 12 часот. Ако и понатаму сте гладни, можете да испиете кафе со кроасан. Треба да издржите без храна вкупно 16 часа. Обилна вечера ве очекува во 20 часот.

Ако не можете да си го замислите утрото без појадок, следната шема можеби повеќе ќе ви одговара. Навечер исклучете ја сета храна. Наутро можете да јадете сè. Да кажеме дека појадокот бил во 8 часот, па потоа ручајте во 16 часот.

Во текот на тие 8 часа дозволено ви е да ја јадете која било храна по ваш избор.

Кој не смее да ја практикува оваа диета?

Во секој случај, најдобро е да се консултирате со доктор пред да започнете ваков начин на исхрана. Постот не се препорачува за луѓе што боледуваат од гастритис, кои имаат патологија на жолчното кесе, надбубрежните жлезди и кои се во состојба на гестација и лактација.

Викенд диета: Што треба да знаете за принципот на исхрана 5:2
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.