Шварценегер тврди дека неговиот брат починал на 24 години поради насилство во семејството: „Татко ми беше нацист и тиранин!“ (ФОТО)

Страшно...

Актерот Арнолд Шварценегер од секогаш имал интересен живот, па не е чудно што сето тоа е забележано во новиот документарец на Нетфликс под наслов „Арнолд“.

Имено, актрот признал дкеа трпел злоставување во детството од страна на неговиот татко кој бил одликуван нацистички војник, ранет во Ленинската битка, а од страшните сцени и малтретирање не биле изоставен ниту неговиот брат кој имал и кобни последици поради тоа.

Неговиот татко, како што открил војната бил началник во локалната полиција.

„Беше многу агресивен, беше тиранин. Мене и брат ми не тепаше со ремен. Ќе дојдеше во три наутро пијан и врескаше во куќата. Се сеќавам дека срцето ми чукаше силно кога ќе сфатев дека можеше во било кој момент да ја удри нашата мајка и да не претепа нас. Мислеше дека мора да создаде дисциплина во куќата, дека мора да заработиме за доручек“ – се присетил Арнолд.

Од оваа временска дистанца тој верува дека неговиот татко бил сериозен болен човек кој пател од пострауматско пореметување и депресија, а покажувал и шизофрено однесување.

„Австрија после војната стана змеја на скршени луѓе. Многу деца беа скршени од родителите, тоа е тој австриско-германски менталитет. Да ја скршите волјата на детето и да го натерате да се прилагоди – додал тој.

Сепак, неговиот брат не издржал. Тој починал на 24 години.

„Тој беше понежен. Бруталноста која беше дома, ќотекот кој понекогаш сме го добивале од родителите, сето тоа мислам дека не можеше да го издржи. Поради тоа почна многу млад да пие“ – рекол актерот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.