Ќе се пеат песни во негова чест: Последно збогување од Аки Рахимовски вечерва на плоштадот Македонија!

Аки Рахимовски почина на 67 годишна возраст

Вечерва на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи музички настан на кој ќе му се оддаде почит на Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни ваљак“, кој почина во саботата на 67-годишна возраст.

На овој настан ќе настапат повеќе наши музичари и ќе пеат негови песни.

Исто така, денес од 13 часот ќе биде отворена и книга на жалост, каде ќе можат да се запишат почитувачите на Рахимовски. Настаните се во организација на радио Бубамара, со поддршка на Град Скопје и КЛС саунд.

Аки, кој е роден во Ниш, детството и младоста ги поминал во Скопје. Потоа се пресели во Загреб, Хрватска, а почина во Ново Место, Словенија, каде живееше последните години со неговата партнерка.

Неговата мајка, која по потекло е од Србија, се уште живее во Скопје. Поради староста и нарушеното здравје, била сместена во дом за нега на стари и изнемоштени лица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.