Еве како ќе изгледаат последниот поздрав и испраќањето до вечното почивалиште на Аки Рахимовски

Обожавателите на Аки Рахимовски ќе можат на посебен начин да се простат од музичарот.

Поради епидемиолошките мерки, погребот ќе се изврши со во кругот на семејството и пријателите, но фановите се поканети да му оддадат почит на славниот музичар пред Хрватскиот народен театар во Загреб, утре, со оставање цвеќе и палење свеќи.

Со оглед на актуелните епидемиолошки мерки, ги замолуваме сите кои го сакаа Аки и сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25 јануари, кај Бунарот на животот, пред загрепскиот Хрватски народен театар, каде што ќе може да се донесе цвеќе и запали свеќа“, стои во објавата на официјалната фејсбук-страница на легендарниот бенд „Парни ваљак“.

Потсетуваме, Александар РахимовскиАки почина на 67 годишна возраст откако ненадејно му се слошило.

Му се слоши денес и заврши во болница во Ново Место. Пред еден час ми јавија дека починал, не ја знаеме причината за смртта се’ уште“, изјави за медиумите менаџерот на славниот пејач, Осредечки.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.