Претажно: Никој не се осмелува да ѝ каже на мајката на Аки Рахимовски дека него повеќе го нема!

Аки планирал да ја посети деновиве, но, за жал, тоа нема да се оствари...

Веста дека почина музичката легенда Аки Рахимовски го обви Балканот во црно. Уште во неверување, голем број познати личности и обожаватели од регионот му оддаваат последна почит на социјалните мрежи.

Аки непосредно пред смртта разговарал со својот пријател Здравко Ситновски од Скопје и планирал да дојде во Македонија да ја види мајка си која живее во Скопје. Имено, никој немал срце да ѝ ја соопшти тажната вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak)

Во петокот разговарав со Аки, тој ме замоли да го земам на аеродромот во Скопје, мајка му е болна и сакаше да ја види барем уште еднаш. Требаше да слета во недела попладне“, открил Здравко Ситновски за „24sata“.

Аки Рахимовски почина на 22 јануари во Ново Место, Словенија, а последното испраќање на пејачот ќе биде в четврток во Загреб во Алејата на великаните.

Неговата мајка беше многу среќна. Во домот на сите им кажала дека доаѓа нејзиниот син и побарала од вработените да се грижат за неа бидејќи доаѓа нејзиниот Аки“, додал Ситновски.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.