Чизми и капут што никогаш нема да излезат од мода: Стајлинг на Џенифер Лопез што ќе посакате да го ископирате!

Моден погодок

Чизмите, здолништето или капутот – навистина е тешко да се одлучи кое модно парче на Џеј Ло е најдобро!

Џенифер Лопез моментално е презафатена околу промовирањето на својот нов филм Marry Me. За време на посетата на Sunset Plaza, славната пејачка и актерка покажала впечатлив дневен стајлинг.

Латино-дивата речиси никогаш не е несредена, а нејзините модни комбинации секогаш се женствени и заводливи, славејќи ги облините на женското тело. Сепак, овој пат Џеј Ло се одлучила за малку построг стајлинг и не погрешила!

Црно-црвениот капут со црна кожена крагна доминирал со стајлингот, а под него се криела многу добро осмислена комбинација. Со безвременскиот стајлинг владеела слоевитоста, па така Џенифер под капутот носела класична црна маица, идеален додаток на секоја комбинација, а ја споила со плисирано мини-здолниште во истиот кариран дезен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Сестраната модна комбинација ја надополнила со златни обетки и нежни синџирчиња, како и со пар очила за сонце од модниот бренд Isabel Marant. Преку рамена, ја префрлила сè уште необјавената црна кожена верзија на прошиената чанта на Coach, Studio, која содржи кожен ремен со синџирче.

Кога станува збор за обувките, Џеј Ло играла на сигурно и посегнала по пар високи црни кожени чизми. Ваквиот модел што достигнува до колената, има заоблени врвови и правоаголна потпетица, во безвремена боја и материјал и со впечатлив додаток во форма на ремен преку глуждот, навистина се носи со години, без оглед на трендовите.

Усогласените тонови чија монотонија ја разбива додатокот на црвена боја на капутот и здолништето ѝ дале едноставна доза на елеганција на целата комбинација.

Џенифер Лопез во фармерките што мажите ги презираат: Дали ова издание на латино-дивата е чиста утка?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.