Калиопи скршена од болка: „Аки мој… Не верувам… Не сакам да верувам….“ (ФОТО)

Тажно...

Смртта на легендарниот пејач Аки Рахимовски го потресе буквално целиот Балкан. Од Вардар до Триглав, Аки беше обожуван од сите генерации.

Особено Аки го сакаше Скопје и Скопје го сакаше Аки, бидејќи токму нашата метропола беше неговото родно место и често престојуваше во неа.

Дека беше обожуван и од колегите од целата ју-естрада сведочат и објавите на социјалните мрежи кои ги гледаме овие два дена.

Аки имаше доста пријатели-колеги и во Македонија, една од нив беше и нашата Калиопи Букле. Популарната Опи сподели на социјалните мрежи фотографија со Аки и напиша:

„Аки мој… Не верувам… Не сакам да верувам….“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Инаку Аки Рахимовски почина вчера во Словенија, а причините за неговата смрт се уште не се откриени. Се претпоставува дека проблем било неговото срце.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.