Принцезата Шарлин наполни 44 години: Дали ова е најтажниот роденден на светот? (ВИДЕО)

Се шушка

Некој друг го објавил видеото на нејзиниот инстаграм-профил, а од принцезата на Монако нема ни трага ни глас

Иако нејзините обожаватели потајно можеби се надеваа дека до крајот на јануари, за нејзиниот роденден, принцезата Шарлин конечно ќе ја напушти болницата и ќе се врати дома кај своите близнаци, тоа сепак не се случило.

Исто како и седмиот роденден на близнаците, принцот Жак и принцезата Габриела, Божиќ и Нова година, принцезата Шарлин и својот 44-ти роденден го дочекала далеку од семејниот дом. Поради здравствени проблеми, непознати за јавноста, Шарлин сè уште е во европска болница на непозната локација.

Како што беше најавено од палатата уште за Божиќ, нејзиното закрепнување сепак ќе потрае неколку месеци, што особено тешко им паѓа токму на нејзините деца, кои последнава година уживале во ретките мигови со мајка им.

На нејзиниот инстаграм-профил беше објавено видео по повод нејзиниот 44 роденден во кое е прикажан целиот нејзин живот – од најраното детство, па сè до животот во палатата.

Под него стои описот:

„Среќен роденден, принцеза Шарлин! Ви се восхитуваме, бидејќи секогаш давате сè од себе за да ги промените животите на луѓето ширум светот, а вашата страст и преданост за спасување и менување животи навистина претставува инспирација. Веруваме дека ова видео од вашето досегашно патување ќе ве потсети колку сте сакани и ценети!“

Очигледно е дека видеото не го објавила Шарлин, туку некој друг, а како најтажната принцеза се чувствува на својот роденден, што го поминува потполно сама, знае само таа самата…

Што се случило веднаш по венчавката на принц Алберт и принцезата Шарлин: По утрото денот се познава…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.