Ќе се изненадите која е поврзаноста помеѓу Кирил Лазаров и Каролина Гочева! (ФОТО)

Таа беше на промоција на неговата нова книга...

Фото: Инстаграм

„Секогаш на победа“ – е насловот на најновата автобиографска книга на легендата на македонскиот ракомет – Кире Лазаров. По тој повод беше организирана и промоција на книгата, на која присуствуваа голем број негови пријатели од спортот, бизнис-фелата, а помеѓу гостите беше и популарната музичка ѕвезда Каролина Гочева.

Познатата пејачка сподели фотка на која позира со Кире, а во описот на истата таа откри интересна информација која веруваме дека малкумина ја знаат.

Имено, Каролина и Кирил биле школски другари, а тоа значи дека таа била сведок на создавањето на еден од најдобрите ракометари во светот.

– Пред неколку дена, мојот школски другар @kiril.lazarov7 ја промовираше својата автобиографија во која раскажува за својот пат од самите почетоци на неговата блескава кариера… Кире, честитки за се’ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои. Поздрав и до нашите поранешни соученици од IV6, гимназија Јосип Броз Тито од Битола, генерација- „како да беше вчера”. Се гледаме на следна годишнина од матурска!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.