Каролина Гочева доделува од 20.000 до 100.000 денари: Некој се обидува преку лажна наградна игра да го оцрни името на пејачката! (ФОТО)

Зарем и ова има?

Нашата најпозната пејачка Каролина Гочева на својот профил на Инстаграм сподели фотографија од нејзин лажен профил и ги замоли своите следбеници доколку можат да ја пријават страницата со предупредување дека наградната игра која ја промовира тој профил е лажна.

Според наградната игра пејачката наводно доделува од 20.000 до 100.000 денари, начинот на добивка е многу едноставен, а покрај Каролина во ова „дарување“ е „вклучен“ и сопругот на пејачката, уметникот Михаил Корубин.

Фото: Принтскрин

На лажниот профил на Фејсбук на кој е направена лажната наградна игра се поставени фотографии од Kаролина, како и фотографии на кои се прикажани големи суми на пари, евра, долари и секако детално се наведени правилата за учество.

Фејсбук – профилот на кој се спроведуваа оваа лажна наградна игра сè уште е активен и по апелот да Каролина истиот да се пријави од страна на повеќе корисници на оваа социјална мрежа за да биде исклучен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.