Работа од соништата, а за платата да не правиме муабет: Кралицата Елизабета бара човек што ќе води профили на социјалните мрежи!

Одлична понуда!

Вистинска можност да ја искористите вашата дигитална експертиза на најдобар можен начин

Бакингемската палата моментално вработува човек за управување со социјалните мрежи на британската кралица Елизабета Втора, барем така е соопштено на веб-сајт за вработување.

Палатата е во потрага по иновативни и креативни кандидати со претходно искуство во управување на социјални мрежи, а кои имаат добри вештини за пишување и фотографирање.

Личноста која ќе и’ го одржува добриот имиџ на британската кралица пред очите на јавноста ќе има задача да истражува, да пишува вести и да управува со дигиталните платформи, а платата ќе изнесува околу 30.000 фунти во зависност од искуството.

Работата нуди и бројни предности: 33 дена годишен одмор, како и бесплатен ручек, со седиште во Бакингемската палата. Покрај неодамна лансираниот инстаграм-профил за Меган Маркл и принц Хари, се’ поголема популарност добива и принц Вилијам, додека Кејт Мидлтон ќе добие свој кралски профил.

„Независно од тоа што го покривате, треба да се погрижите нашите дигитални канали доследно да го поттикнуваат интересот на луѓето и да допираат до пошироката публика“, пишува во описот на барањата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.