Проучете го овој стручен водич пред да одлучите на колегите да им ги доверите пикантериите од вашиот живот

Зачувајте ја приватноста на работното место

Ви се допаѓаат колегите, некои дури и ги сакате. Значи, во ред е да им доверите детали од приватниот живот, нели? Не секогаш. Дискрецијата полека изумира, но сепак е од клучно значење во деловното опкружување. За да знаете што смеете да поделите со колегите, а што не, морате добро да ја процените атмосферата на работа, а потоа и да ги примените овие упатства…

Ситуација 1: Ве измачува мамурлак…

Што можете да кажете: Ако сте испиле многу претходната вечер, никому ни збор за тоа. Жена што излегува секоја вечер и пие алкохол никако не остава впечаток на одговорна и вредна личност. Што се однесува до вашиот емотивен живот, во ред е нешто да кажете, но никако детали.

Ситуација 2: Имате здравствени проблеми

Што можете да кажете: Ако мора да отсуствувате од работното место, тогаш соопштете му ја дијагнозата на претпоставениот. Можете да му се обратите преку мејл за да избегнете евентуална емотивна слабост. На блиските колеги можете да им откриете во каква ситуација сте, но воздржете се од детализирање, бидејќи несвесно ќе почнат да ве доживуваат како болен човек, кој е помалку работоспособен.

Ситуација 3: Многу сте религиозни

Што можете да кажете: Само факти. Понекогаш темата на верата е важна за ситуацијата во која се наоѓате, на пример, постите, а колегите ве поканиле на ручек. Доволно е да се држите до фактите и никого да не притискате да стане верник или да ја смени верата.

Ситуација 4: Незадоволни сте од работната атмосфера

Што можете да кажете:  Бидете селективни во изборот на соговорниците и на деталите што ќе им ги доверите, под услов да верувате дека ќе ги зачувате за себе. Кога ќе слушнете друго мислење, можеби сè нема да ви изгледа толку црно.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.