3 есенски стајлинзи: Фустан и чизми – комбинација што ќе сакате да ја носите секој ден!

Време е за чизми!

Ако се прашувате како е најдобро да комбинирате чизми, трендсетерките имаат подготвен одговор – најдобро одат со фустани

Температурите се спуштија, а тоа значи само едно нешто: време е за чизми! Доколку ги искомбинирате со фустан, ќе добиете стајлинг без мана!

Ако ги прашате трендсетерките која комбинација е апсолутен хит, без дилема ќе ви одговорат дека тоа е чизми и фустан.

Изгледа дека сите урбани дами полуделе по овој тренд, па на секој чекор може да се сретнат токму вакви модни комбинации.

Издвојуваме три најдобри стајлинзи што би можеле да ви послужат како инспирација.

Мини-фустан во комбинација со моторџиски чизмички

Бајкерките се во тренд оваа есен, а во комбинација со мини-фустан ќе бидат полн погодок.  Женствениот фустан ќе направи добар баланс со чизмите што делуваат по малку грубо.

Длабоки чизми и миди-фустан

Овој модел фустан најдобро ќе оди со набрани чизми на висока потпетица.

Бохо-фустан и каубојски чизми

Уште еден одличен моден спој. Женствените фустани во комбинација со каубојски  чизми даваат многу интересна комбинација.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време